Платформа за дигитално младинско учество

На оваа платформа ќе најдете алатки за електронско младинско учество кои овозможуваат локалните власти, младинските организации и институциите да иницираат процеси на учество на платформата и активно да ги вклучат младите во процесите на донесување одлуки. 

Бура на идеи

Преку алатката бура на идеи се обезбедува можност за споделување на мислење или став за одредено прашање.

Предизвик на идеја

Предизвик на идеја овозможува да се соберат идеи од сите заинтересирани за одредено прашање и да се изрази ниво на согласност од страна на учесниците.

Просторни алатки

Просторната алатка овозможува да се користи карта/мапа за да се направи визуелна слика на областа каде сакаме да направиме промени.

Поставување агенда

Оваа алатка нуди можност за собирање идеи од сите вклучени во процесот на планирање и им овозможува да го изразат своето согласување или несогласување.

Преглед на текст

Оваа алатка нуди можност да се пишуваат и дискутираат сложени текстови заедно за да се подобри квалитетот но и да се зголеми транспарентноста.

Анкета

Преку оваа алатка се обезбедува лесен начин за вклучување на младите во процесите на донесување одлуки и се добиваат брзи повратни информации за кој било проблем.

Платформа за дигитално младинско учество

Алатките за електронско младинско учество кои ги нуди оваа платформа им овозможуваат на локалните власти, младинските организации и институциите можност да иницираат процеси на учество на платформата и активно да ги вклучат младите во процесите на донесување одлуки. Електронското учество е можно во секое време, на кое било место, транспатентно и достапнo на сите засегнати страни.