Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата

Проектот Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата има за цел да да се подобри квалитетот на имплементација на младинската политика заснована на структурна соработка и суштинско учество на вмреженото граѓанско општество. Проектот го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, како главен апликант, заедно со ко-апликантите СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружение Женски Форум Тетово. Времетраењето на проектот е 40 месеци, во периодот од 01 јануари 2021 – 30 април 2024 година.

Проектот ќе се фокусира кон исполнување на 3 клучни резултати:

1. Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за независно и ефективно влијание врз донесувачите на одлуки поврзани со младински прашања врз основа на докази и преку локално вмрежување;

Постигнувањето на овој резултат подразбира спроведување на низа истражувања, процес на обуки и менторство за граѓанските организации, како и поддршка за младинскиот граѓански сектор преку доделување на суб-грантови во насока на подобрување на младинското учество, посебно на локално ниво.

2. Подобрување на граѓанските компетенции на младите мажи и жени за суштинско учество во секојдневниот живот на демократската заедница користејќи иновативни модели преку родово сензитивни и мировни пристапи;

Во рамките на овој резултат предвидено е јакнење на капацитетите на младите мажи и жени преку локални кампањи, работилници за родова перспектива, како и јакнење на средношколците во насока на намалување на насилството во средните училишта. Исто така, во рамките на оваа компонента ќе се зајакнат капацитетите на советите на млади преку процес на обуки но и преку примена на дигитални иновативни алатки за вмрежување и споделување добри практики.

3. Оспособување на јавните институции да развиваат и спроведуваат информирани и квалитетни јавни политики поврзани со младите засновани на еднакви можности преку одржливо партнерство со локалното граѓанско општество;

Оваа компонента предвидува поддршка на процес на вмрежување на граѓанскиот сектор на локално ниво преку процес на заеднички состаноци и работилници. Исто така, во поддршка на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, проектот предвидува јакнење на капацитетите на локалните службеници за млади како и нивна поддршка при соработката со локалните младински совети. Проектот исто така предвидува застапување кон националните донесувачи на одлуки кон подобрување на условите и примената на законската регулатива насочена кон младите. Преку постигнување на проектните резултати ќе се придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики.

Носител на проектот

Партнери

„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“