Што им е потребно на младите во Прилеп?

Во коментар запишете ги Вашите предлози што им е потребно на младите кои живеат во Општина Прилеп. Ако имате технички проблеми контактирајте ме на monika.k@sega.org.mk

Зголемен број на пајак возила во град Прилеп

За зголемување на безбедноста во сообраќајот и обезбедување на слободен простор за движење на пешаците, бидејќи возилата непрописно се паркираат на пешачка зона и како решение сметаме дека е потребен…

Кафе бар/читална во Прилеп

Простор каде што младите од Прилеп ќе имаат можност да ги извршуваат своите едукативни активности, а воедно да се надоградуваат со дополнителна литература во пријатна средина.

Бесплатен превоз за младински тури во природа

Со цел подобрување на здравите навики, зголемување на рекреативните активности како планинарење и социјален живот потребен е бесплатен превоз до одредени локации во природа во околината на Прилеп.

Затворен парк за миленици

Социјализација на сопствениците на миленици и милениците со цел да се зголеми безбедноста на луѓето кои не се љубители на миленици.