+389 48 429 390
[email protected]
  • Дел за корисници
    • Логирај се
    • Регистрација на организација
    • Регистрација на учесници
  • Почетна
  • За проектот
  • Алатки
  • Проекти
    • Бура на идеи
    • Предизвик на идеја
    • Просторни алатки
    • Поставување агенда
    • Преглед на текстови
    • Анкети
  • Организации
  • Контакт
  • Почетна
  • За проектот
  • Алатки
  • Проекти
  • Организации
  • Контакт

ОПШТИ ОДРЕДБИ – ЗАКОН ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ

ЗАКОН ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Глава I. Предмет на законот
Член 1

Предмет на уредување на овој закон се формите на младинско организирање, учество на младите во процесот на креирање на младински политики и донесување одлуки кои се однесуваат на нив, стратешките документи на национално и локално ниво, активностите и мерките кои ги преземаат органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа за унапредување на положбата на младите во општеството, како и информирање и заедничко планирање на активности поврзани со и за млади.

Цел на законот
Член 2

Цел на овој закон е да обезбеди:
1) креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа преку повеќе секторски пристап, поаѓајќи од потребите и интересите на младите;
2) зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики за млади, активно информирање, промоција и заштита на интересите на младите, како и зајакнување на свеста за важноста на младите и нивната општествена улога;
3) промовирање меѓугенерациско партнерство за поддршка на учество на младите во процесот на донесување на одлуки и политики;
4) поддршка и унапредување на младинското организирање;
5) поттикнување на структурен дијалог на национално и локално ниво;
6) поттикнување на волонтерство, младински активизам и младинската работа и
7) поттикнување на личен, професионален и социјален развој кај младите.

Дефиниции
Член 3

Одредени изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:
1) “млади” се лица на возраст од 15 до 29 години;
2) “младинска политика” е збир на мерки и активности кои се преземаат за да се задоволат потребите на младите, со цел остварување на нивниот полн потенцијал;
3) “младинско учество” претставува процес кој им овозможува на младите учество и заедничко носење на одлуки за политики и програми кои директно или индиректно го обликуваат животот на младите;
4) “младинска работа” претставува организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал и нивно активно вклучување во животот на заедницата;
5) “младински работници” се квалификувани лица кои поседуваат компетенции за работа со млади луѓе спроведувајќи активности со кои се поддржува нивниот личен и социјален развој преку неформално и информално учење.

Во коментар запишете ги Вашите забелешки по однос на текстот од Законот погоре.
Кога ќе ја внесувате Вашата забелешка Ве молиме да наведете (доколку е возможно) на кој член од Законот се однесува

You must be logged in to post a comment.
Previous Post
ТЕСТ
Next Post
Глава II. ФОРМИ НА МЛАДИНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ И ПРЕТСТАВУВАЊЕ – Закон за младинско учество и младински политики

Recent Posts

  • Книжевен Клуб на Куманово 29.02.2024
  • НАТГ „Аматер“ – Охрид 29.02.2024
  • Младински Центар Охрид 29.02.2024
  • Потребите на младите од општина Охрид 06.10.2023
  • Коалиција на младински организации СЕГА 20.07.2023

Categories

  • Uncategorized (1)
  • Организации (4)
„Оваа веб страна е креирана и одржувана со финансиска поддршка на Европска Унија. Содржината на истата е единствена одговорност на спроведувачите на проектот и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија.“

За Проектот

Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ има за цел да придонесе кон независно и одржливо граѓанско општество поддржано од погодна средина која поттикнува партиципативни и родово-сензитивни процеси на креирање младински политики. 

Последни објави

Книжевен Клуб на Куманово
29.02.2024
НАТГ „Аматер“ – Охрид
29.02.2024
Младински Центар Охрид
29.02.2024

Контакт

[email protected]
+389 48 429 390

Цар Самоил бр.18, 7500 Прилеп

Facebook
Twitter
YouTube
LinkedIn

© 2021. Iniciraj.mk

  • Почетна
  • За проектот
  • Алатки
  • Проекти
  • Организации
  • Контакт
Оваа веб страна користи колачиња (cookies) за да го подобри вашето искуство. Ако продолжите да ја користите оваа страница, потребно е да потврдите дека се согласувате со тоа.