(Извадок од Законот за младинско учество и младински политики, Службен весник на РСМ, бр. 10 од 16.1.2020 година)
Службеник за млади
Член 23
(1) Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје се должни да одредат службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.
(2) Службениците за млади од ставот (1) на овој член изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб – страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
(3) Контакт информациите за службениците за млади од ставот (1) на овој член се јавно достапни преку гласилата на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 26
(5) Органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон определуваат службеник за млади.
Прашања за дискусија:
- Како ги гледате основните одговорности на Службеникот за млади во општините?
- Кои специфични вештини и квалитети мислите дека се од суштинско значење за Службеникот за млади ефикасно да се справи со предизвиците со кои се соочуваат младите?
- На кој начин службеникот за млади може да соработува со други засегнати страни за да се залага за политики и иницијативи кои имаат корист за младите во Македонија?
- Што би дополниле и/или измениле во членовите од Законот?
21 Comments. Leave new
Одговор од работна група на прашањето бр. 1:
Покрај одговорностите на Слижбеникот за млади за координирање, спроведување и следење на прашањата коишто се од интерес на младите, може и да ја промовира позицијата Службеник за млади во средните училишта со цел да има поголема информираност кај младите за неговото постоење.
Да биде назначен само како Службеник за млади, а не да извршува и други позиции во општината.
Одговор од работна група на прашањето бр.3:
Поврзуваме со други службеници за млади и организации за размена на искуства и знаења .
Средби за консултација и состанува со младите и училиштата (образовни институции)
се согласувам
se soglasuvam sluzbenikot treba da ima svoja nezavisna pozicija vo opstinata
Се согласувам
одговор од работна група на прашањето бр. 2:
да биде сертифициран работник за млади, вештина од суштинско значење за ефикасно да се справи со предизвици
комуникациски вештини
значење за ресурсите и услугите достапни за младите
се согласувам
Работникот да е само работник за млади и не нешто друго
se soglasuvam sluzbenikot treba da ima svoja nezavisna pozicija vo opstinata
Одговор од работна група на прашање бр. 4:
-Во делот член 23 да се дополни дека Службеникот за млади треба да биде полнолетно лице, но кое спаѓа во категоријата на млади.
-Да има јавен повик за Службеник за млади.
-Покрај годишен извештај, да доставува и годишна програма до АМС.
се согласувам
Дополнување од презентација: Да не извршува други функции освен службеник за млади
се согласувам
Се согласувам
I agree
Се согласувам со одговор 4
Погрешна група моите одговори се за група 3
Се согласувам
Се согласувам! 10/10
Се согласувам со сѐ само мислам дека треба на неделно ниво да доставув извештај и програма.
Се согласувам со одговорите