Водич во 3 чекори

Првиот чекор за почнување на проект на платформата Iniciraj.mk е да ја регистрирате Вашата организација со пополнување на формуларот за регистрација.

Податоците од регистрацијата ги добива администраторот на платформата, ја проверува нивната автентичност и точност и доколку податоците не се целосни ќе Ве извести со повратна порака. Доколку податоците се целосни ќе пристапи кон креирање на Вашиот профил на платформата и ќе Ви достави корисничко име и лозинка за пристап до алатките за креирање проекти кои се достапни на платформата.

Со Вашите податоци за пристап се логирате во корисничкиот дел на платформата каде можете да изберете каков проект сакате да креирате, да ја следите интеракцијата на посетителите и да управувате со статусот на проектот.

Ви посакуваме успешна работа!